еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски му понудил, Јанчев го одбил за министерско место во новата Влада

Мандатарот Христијан Мицкоски, му понудил министерско место на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, но тој одбил да биде министер за локална самоуправа.

„Останувам да ја водам Општина Кавадарци како градоначалник. Ова значи дека преку локалното делување, а во соработка со идната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе продолжам да ги поддржувам сите активности, проекти и програми, кои ќе придонесат кон подобар стандард и квалитет на живот“, изјави Јанчев за ТВ Телма.

Списокот на членовите на новата влада и програмата за работа до Собранието ќе биде доставен во вторник на 18. јуни.

Утре пак, на 16. јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ ќе ја информираат јавноста кои се имињата на нивните министри, откако претходно ќе се одржат седници на Извршниот и на Централниот комитет на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати кандидатите за министри на ЗНАМ

Познати кандидатите на Беса за идни министри

Предлогот за состав на владата во Собранието во вторник, министрите на ВМРО-ДПМНЕ ќе се знаат во недела

Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Хаос во скопското кафуле „Мош“: Гости бегале од полициска рација

Редакција

Видео-платформата JW Player ја купи македонската компанија InPlayer

Редакција

Лани невработеноста 15,7%

Редакција