еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Музика од филмовите на Стенли Кјубрик: Kонцертот на Филхармонија во Градски парк ќе се одржи на 19 јуни

Tрадиционалниот концерт на Филхармонијата во Градски парк во Скопје, ќе се одржи на 19. јуни во 21 часот.

Годинава темата е музиката од филмовите на легендарниот режисер Стенли Кјубрик, кој важи за визионер со огромно влијание врз светската филмска уметност.

Концертот е насловен „Одисеја 2024“, инспирирано од неговиот револуционерен филм „2001: Вселенска одисеја“.

Ќе диригира Дијана Имери-Илкоска, а ќе бидат изведени музички теми од Моцарт, Бетовен, Штраус, Росини, Хачатуријан, Елгар, Хендл, Пук и Шостакович, кои ги одбележаа филмовите „2001: Вселенска одисеја“, „Пеколен портокал“, „Бери Линдон“ и „Очи широко затворени“.

„Кјубрик ја гледал музиката како едно од најмоќните оружја во неговите уметнички остварувања, па затоа и неговиот избор на дела бил мошне деликатен. Токму музиката на класичните композитори ги прави филмовите на Кјубрик дотолку повеќе препознатливи, давајќи им посебни драматургија и естетика“, велат од Филхармонија.

Фото: М. Аргакијева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Свири крај“: Граѓаните во Скопје спасија над 111 милиони денари од уништување

Редакција

Нов фамилијарен кластер во Скопје, заразени и 4 деца, детали за новите случаи на заразени со корона вирусот

Редакција

Ширум светот годинава се убиени 67 новинари и медиумски работници

Редакција