еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Наводни „финансиски советници“ за криптовалути прават измами за собирање податоци за сметки на граѓани

Согласно предупредувањата на Министерството за внатрешни работи, забележани се измами на наводни „финансиски советници“ кои на социјалните мрежи или преку телефонски јавувања, нудат услуги за тргување со криптовалути, насочувајќи ги клиентите да инсталираат извесен софтвер и да прават трансфер на средства кон сметки кои измамникот ги посочува, ги предупредува НЛБ Банка своите клиенти.

„Ве потсетуваме, не инсталирајте непознат софтвер на уреди кои ги користите за пристап до електронско и мобилно банкарство. Не правете пренос на средства на сметки кои не ви се познати и за кои не знаете кому му припаѓаат.

Никогаш не ги споделувајте податоците од вашата сметка, ниту вашите лични податоци, дури и ако лицето се претставува во име на Банката.

Секој сомнеж пријавете го на телефон 02/15600. Бидете исклучително внимателни и заштитете ги вашите лични податоци и финансиски средства,“ велат од Банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела од Ковид-19 починале 4 лица, 174 нови случаи и 170 оздравени

Редакција

Ако бројките на заразени со Ковид-19 не се намалат, Филипче најави продолжување на полицискиот час и скратено работно време на кафеаните

Редакција

Косовскиот Уставен суд ја прогласи Владата за нелегитимна, Косово пред нови избори

Редакција