На денешната седница, Надзорниот одбор (НО) на државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ) не ги разреши двајцата од тројцата директори на Друштвото.
По предлог на Владата, во М-НАВ треба да се разрешат претседателот на Управниот одбор и извршен директор, Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор Љубе Стаменковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Седницата на НО, како што пренесе државната агенција МИА продолжува утре.
– Седницата на Надзорниот одбор ќе продолжи и утре се до комплетирање на целокупната документација, лиценци, дозволи и т.н. Услови што треба да се исполнат од страна на предложените кандидати од Владата за членови на Управниот одбор, информираат за МИА од М-НАВ.
По именувањето на новите директори, како што објаснуваат од М-НАВ, следува потпишување на записникот од седницата и доставување на потребната документација до Централен регистар, од каде се добива решение.
Заокружувањето на сите процедури се очекува да се финализира следната недела.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ
Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ
Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен
Фото: М-НАВ