еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор, тројца пациенти добија нова шанса за живот

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека е направена уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава.

„Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија здрави органи и шанса за нов живот.

Упатувам огромна благодарност до семејството на донорот, изразувам длабоко сочувство за нивната загуба, но и почит за нивната одлука, за нивната хуманост и храброст. Живот може да се подари само ако за тоа имате доволно љубов и емпатија во себе.

Благодарност и за целиот тим кој изминативе 24 часа без прекин работеше и сѐ уште работи на клиниките вклучени во трансплантацијата. Горд сум на медицинскиот кадар!“, вели Меџити.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 260 заразени од корона вирусот, од кои 126 од Скопје

Редакција

И денеска кино на отворено во Градскиот парк во Скопје, ќе се прикажува „Панкот не е мртов“

Редакција

Нови 1.161 случаи на Ковид-19 од 3.114 тестирања

Редакција