еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

„Нашиот молк нема да трае вечно, како вашето судење“, порачаа семејствата на загинатите на денешниот „Марш на ангелите“ во Кочани

Денеска во Кочани се одржа седмиот „Марш за ангелите“. Семејствата на настраданите преку транспаренти порачаа дека „Моќта на луѓето е посилна од луѓето што се на моќ“,„Не чекајте катастрофа, дејствувајте сега“, „Ефективен притвор“ „Секој може да е следен“, „Системот убива“.

„Нашиот глас е гласот на оние кои трагично заминаа во огнот. Молк што зборува повеќе од илјада зборови, ама нема да трае вечно како вашето судење,“ порачаа родителите.

Маршот започна во 16:05 часот од Паркот на Револуцијата и ќе продолжи кон Трговскиот центар по што учесниците ќе се упатат кон општинската зграда, а оттаму кон Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека за десетина дена треба да заврши истрагата и дека се испрашани над 300 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избори се ближат, „бомби“ се нижат

Редакција

Отворена стечајна постапка над Радио Слободна Македонија

Редакција

Каков имот пријавила Маја Морачанин, која повторно е избрана за претседателка на ДОМ

Редакција