еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Највисоката температура во мај била 30, а најниската 1,2 степени

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Македонија, месец мај годинава се карактеризира како просечно топол и нормално врнежлив со исклучок на источниот дел од државата, каде се измерени поголеми количества врнежи во споредба со многугодишните просечни вредности.

Средномесечната температура изнесувала од 10,3°С во Лазарополе до 19,2°С во Гевгелија. Споредено со просечните мајски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020 година), годинашната била просечна, околу 16 °С, на ниво на држава.

-Највисоката максимална температура беше измерена на 22. мај во Гевгелија и изнесуваше 30°С. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 5. мај и изнесуваше 1,2 °С, соопшти УХМР.

Во мај 2024 година месечната сума на врнежи во државата варирала од 33 милиметри во Струмица до 131 милиметар во Крива Паланка.

-Максимално дневно количество на врнежи од дожд, од 33 милиметри, беше регистрирано во Охрид на 19 во месецот. На повеќе места во државата, како Велес, Куманово, Тетово и други беше забележана појава на град, велат од УХМР.

Споредено со мајската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020 година) измерената месечна сума на врнежи била просечна, поточно околу 65 милиметри на ниво на држава.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што е персонализирана медицина и дали е тоа новиот начин на лечење

Редакција

Доктор Бабачиќ: Пикот на заразувања е веројатно поминат, а го поминуваме и пикот на активни случаи

Редакција

Нови 17 случаи на Ковид-19 од 2.896 тестирања, во Тетово 9, во Скопје 6

Редакција