еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

На семејството на Лидија му барале пари за информација за исчезната скопјанка

Веќе трет ден нема никаква нова трага ни од полицијата, ни од семејството за исчезната скопјанка, 43-годишната Лидија Трајковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трет ден, ни трага, ни глас од исчезната Лидија Трајковска од Скопје

Нејзината ќерка Мартина Трајковска, која пред неколку дена преку социјалните мрежи побара помош од јавноста во потрагата, за Фокус открива дека семејството добило повици од граѓаните, но во сите случаи по проверката на информациите се констатирало дека се работи за други жени.

Семејството исто така добило порака и со обид за изнуда на пари, во замена за информација за тоа каде се наоѓа Трајковска.

Пораката ја добиле преку whatsapp, а во истата од семејството се барало да уплати 500 евра на трансакциска сметка, а потоа откако наводно ќе им кажеле што знаат за Трајковска, да уплателе уште 500 евра.

Семејството пријавило во полиција, а како што вели ќерката, лицето кое се обидело да изнуди пари е идентификувано и не е некој кого го познаваат.

Фокус не успеал да ја потврди оваа информација од полицијата.

Кога исчезнала Трајковска носела зелен дуксер со црни шари, црни хеланки и црни патики.

Доколку ја видите јавете се на бројот 071 345 208 или пријавете во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата најде неколку предмети на исчезната Лидија Трајковска

Исчезна 43-годишната Лидија Трајковска, семејството бара помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски утре напладне ќе му врачи мандат за состав на нова Влада на Заев

Редакција

Сите детали: Уапсениот инспектор од УЈП, фатен со 5.000 евра во коверт

Редакција

(Видео) Принцот Чарлс позитивен на корона вирусот иако избегнуваше ракување

Редакција