еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

На 10-годишната Јана ѝ е потребна итна трансплантација на срце, да помогнеме финансиски

Јана Грнчаревска е девојче кое има само 10 години и на кое мора да и се направи итна трансплантација на срце во странство. Во меѓувреме, семејство се надева и се моли дека ќе се успее да се најде донор на срце за да може да изврши трансплантацијата.

„Трансплантацијата е одобрена од страна на фондот и во тек е постапка за наоѓање на земја која ќе прифати Јана да биде дел од листата за трансплантација и ќе се направи трапнсплантација.

До тогаш Јана мора да прима терапија секоја недела на приватно (бидејќи овој лек не е покриен од страна на фондот), терапија која ја одржува во живот, а чини 2.500 евра.

Семејството е финансиски исцрпено и не е во можност повеќе да ги покрие овие трошоци поради што се обраќа до сите нас хумани граѓани за помош.

Јана е во состојба на срцева слабост, со изразито намалена кинетика и веднаш е воведена интензивна кардиосупортивна и останата симптоматска терапија, со која е постигнато само делумно подобрување на состојбата.

Хоспитализирана е во неколку наврати и лекувана со соодветната терапија за дијагнозата, но за жл за да се спси нејзиниот живот покрај терапијата мора да се направи срцева трансплантација во педијатриски кардиохируршки центар во странство,“ се вели во апелот за помош.

Доколку сте во можност да донирате, тоа можете да го направите на жиро сметка на мајката на Јана:

210501637449968 – Тутунска банка

Јулијана Грнчаревска.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загина 45-годишен маж од Ресен, со возилото излетал од патот

Редакција

Повик за компании: Аплицирајте за користење на бесплатна експертска поддршка од канадски советници

Редакција

Убава вест: 224 излекувани од коронавирусот во Македонија, нов раст

Редакција