Од следната година ќе бидат отворени шест нови авионски линии, до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул, кои ќе ги субвенционира државата, а се избрани на неодамна објавениот оглас.
Четирите нови авионски линии се од скопскиот аеродром, од каде два пати неделно ќе се лета на релацијата Скопје-Дубаи-Скопје (од 30. март), Скопје-Барселона-Скопје (од 30. јуни), а по три пати неделно ќе се лета на линијата Скопје-Лион-Скопје (од 30. јуни) и на линијата Скопје-Штутгард-Скопје.
На охридскиот аеродром, пак новина е линијата Охрид-Базел-Охрид, на која ќе лета два пати неделно и редовната линија Охрид-Истанбул-Охрид (од 30. март) на која ќе се лета четири пати неделно, најави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски.
Виз Еир ќе лета на новите летови за Штутгард, Базел, Барселона и Лион, Флај Дубаи за Дубаи, а Туркиш Ерлајнс за Истанбул.
Николовски најави и втор оглас за нови авиолинии.