Aктуелниот директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски денеска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ и доколку биде избрен, најави нов механизам преку кој СДСМ ќе дејствува како опозиција.
„Ќе формираме Влада во сенка која ќе даде опција на граѓаните, да размислуваат и да споредуваат. Ќе бидеме конструктивна опозиција во Собранието, нема да критикуваме по секоја цена. Системско решавање на работите, а не пазар,“ најавува Деспотовски.
Тој истакна едека СДСМ се наоѓа во многу тешка ситуација и има потреба од еден нов почеток.
Според него професионализацијата на партијата значи вклучување на луѓе кои не се дел од партиските структури, но рече нема да ги заборават и старите структури.
Кандидатури за претседател на партијата поднесоа и Венко Филипче и Славјанка Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче поднесе кандидатура: Не само со Заев, имам добри релации и со други функционери и членството
По 24 години активно членство во СДСМ, Петровска се кандидираше за претседател
Фото: Деспотовски/Фејсбук