Европската Унија го објави тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција.
Гасниот интерконектор е предвидено да биде во должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа, Грција до Неготино и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.
На македонска територија делот од Гевгелија до Неготино ќе биде во должина од 67 километри, а неговата изградба се очекува да чини 83 милиони евра.
Управувањето со проектот за делот од гасоводот што ќе минува низ Македонија, го презеде грчкиот оператор за природен гас ДЕСФА, откако беше избран на тендерот објавен од државната компанија „Номагас“.
Проектот ќе биде финансиран од Европската инвестициска банка.
Се очекува да биде завршен до средината на 2025 година.
Отворањето на понудите од тендерот за изведувач ќе биде за 60 дена, на 1. февуари следната година.
Фото: Влада