еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од денеска мало заладување, дожд и северен ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ-индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Според прогнозата на УХМР, нестабилност со послаб интензитет ќе има претежно до четврток до средината на денот. Потоа ќе започне период на стабилно време. Најпрвин дневната температура преодно ќе опадне и најсвежо ќе биде во четврток и петок кога ќе дува засилен северен ветер, а потоа температурата ќе биде во постепен пораст.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов повик за субенции за авиолинии

Редакција

Нови 399 случаи на Ковид-19, во Скопје 197

Редакција

(ВИДЕО) Верни на традицијата, Охриѓани се искапеа во езерото за Водици

Редакција