Од над 50 државни функционери на крилото во поделената Алијанса за Албанците (АА) на Арбен Тарвари засега само тројца дадоа оставки, кажа вицепремиерот за добро владење, Арбен Фетаи за телевизијата ТВ21.
Оставка од министеркото место во здравство, даде Таравари, а вчера и замениците министри за одбрана и земјоделство, шумарство и водостопанство, Елфете Исмаили и Фљакрон Беџети.
-Тие тројца јавно излегоа, за другите не ми е познато дека некој се повлекол од Владата.
Знам дека сите останати продолжуваат да одат на своите работни места, рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Фљакрон Беџети, заменик министерот за земјоделство, кој поднесе оставка
Каков имот пријавила заменик министерката за одбрана, Елфете Исмаили, која поднесе оставка
Кој е вицепремиерот Арбен Фетаи, кој останува во Владата и го напушти Таравари