Од среда или од 13. февруари на полноќ (вторник) нема да можете да излезете од Македонија со пасош без новото име на државата, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Граѓаните пак со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава.
-Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија, кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните во странство со пасоши со старото име, ќе можат да се вратат со патни листови
Како што информираа од Министерството за надворешни работи пред неколку дена во Македонија тие што немаат нов пасош, ќе можат да се вратат со патен лист.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто од среда ќе Ве казнат ако возите со возачка без „Северна„?
Од среда ќе платите казна ако возите со возачка без „Северна„