еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

ОКТА донираше опрема за гасење на пожари на тешко пристапни терени

Во рамки на својата континуирана соработка со противпожарните единици ширум земјата, ОКТА обезбеди специјална опрема неопходна за гасење на пожари на непристапни терени, информираат од таму.

Ваква опрема денеска ѝ беше донирана на територијалната противпожарна единица од Свети Николе, во чија околина во тек е справувањето со еден од најактивните и најголеми пожари кои ја зафатија нашата земја во изминатите неколку денови.

Донираната опремата се состои од специјални противпожарни средства – метални метли и грбни прскалки – кои се користат од страна на пожарникарите при активностите за спречување на ширењето и гасењето на пожари на особено непристапни терени, каде не може да се дејствува со противпожарни возила и друга механизација.

„Како и секогаш досега, така и сега за време на овие пожари, како компанија и секако како пожарникари сме подготвени да ја обезбедиме целокупната наша поддршка, во опрема, експертиза и директен ангажман, при справувањето со огнените стихии.

Од искуство знаеме какви потреби имаат нашите колеги од противпожарната единица во Свети Николе, особено при гасењето на пожари на непристапни терени и затоа несебично ја понудивме нашата помош во опрема која ќе им помогне полесно да се справат со актуелниот пожар и сите евентуални вакви предизвици во иднина“, изјави командирот на противпожарната единица на ОКТА, Влатко Панковски, на денешното примопредавање на дел од донираната опрема за противпожарната единица од Свети Николе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

Редакција

(Фото) Кога ве гуши маската што треба да ја носите како заштита, нека ви текне на сликата

Редакција

Синдикатите побараа ПЦР тестовите за невакцинираните административци да ги плаќа работодавачот

Редакција