еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Општите седници на Врховниот суд ќе бидат јавни

На општата седница на Врховниот суд денеска на предлог на претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, се донесени измени на Деловникот за работа на Врховниот суд со кои се овозможува јавност на општата седница, информираат од таму.

Во новите измени на Деловникот за работа на Врховниот суд се пропишува дека општите седници на Врховниот суд се јавни, а јавноста во работата на општата седница се обезбедува и со присуство на претставници на средствата за јавно информирање.

Претседателката на Врховниот суд на денешната општа седница истакнала дека значењето на Врховниот суд од уставен и законски аспект, како и значењето на прашањата кои се разгледуваат пред општата седница од правен аспект, а воедно се од интерес за граѓаните, ја наметнуваат потребата од јавност.

„Измените на Деловникот за работата на Врховниот суд се во согласност со темелните уставни вредности, законските начела и меѓународните принципи. Со предложените измени на Деловникот, ќе се даде значаен придонес за јакнење на јавната доверба и углед на судството и на Врховниот суд како највисок суд во државата.

Со предложените измени се предвидува јавност во работата на општата седница и остварување на јавноста во работењето на судот преку нормативна новина која ќе ја унапреди и соработката и комуникацијата на Врховниот суд со медиумската заедница и со пошироката заинтересирана јавност.

Предложените измени се засноваат на уставните и законските начела за јавност на судството, највисоките меѓународни правни норми интегрирани во домашното законодавство, принципите на Европската конвенција за заштита на човековите права и стандардите на Европскиот суд за човековите права, европските стандарди и меѓународните документи од областа на судството и заложбите и активностите на Советот за отворено судство“, образложила претседателката Адеми.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 163 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје, Струмица и Куманово

Редакција

Кои се новите претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и кој влезе во претседателството на ветерани

Редакција

Штип нема да биде ставен во карантин и покрај двоцифрените бројки на заразени со корона вирусот

Редакција