еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Отворени телефонски броеви за собирање на донации за лекувањето на Сандра Дејановска Крастев

Отворени се телефонски броеви за собирање на донации на Сандра Дејановска Крастев:

А1 143 478

Телеком 143 145.

Сандра е Македонка која моментално живее во Англија со сопругот и двете мали деца.

На 07.07.2020 година ѝ бил дијагностициран метастатски карцином на дојка (метастази на коските, лезии на црниот дроб).

„Поради нејзината дијагноза добивме позитивни повратни информации од болницата во Турција и тие се подготвени да ја прифатат Сандра како пациентка за да се бори и лекува со ракот со веќе подготвен план за лекување за неа.

Сандра е жена со непоколеблива желба да живее и да се грижи за своите две деца. И покрај предизвиците на хемотерапијата, нејзината решеност да се бори со ракот е упорна.

Сепак, финансискиот товар на лекувањето го загрозува нејзиниот сон,“ се вели во апелот за помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сандра Дејановска Крастев има редок тип на рак, потребни се средства за лекување во Турција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тиквеш лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

Емотивни сведоштва и апел за помош на таткото и сопругата на киднапираниот внук на Бошковски, која чека второ дете

Редакција

(Видео) Тимот на клиниката „Жан Митрев“ успешно изведе сложена операција кај 21-месечно девојче со срцева мана

Редакција