Одлуката на американскиот Стејт департмент, функционерот на опозициската ДУИ, Артан Груби, да го стави на „црната листа“, ја раздрама и коалицијата Европски фронт, предводена од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Артан Груби со семејството и судијата Енвер Беџети завршија на „црната листа“ на САД
Партнерот од коалицијата, Зијадин Села, кој уште води битка со Арбен Таравари за лидерското место во Алијансата за Албанците, (од која дел е во Владата, а дел во Фронтот), бара Груби да се повлече од политиката и да преземе одговорност.
Исто го побара и за судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети.
Тој на Фејсбук ја поздрави одлуката на САД, како што напиша “најважниот стратешки партнер на РСМ и албанскиот народ“.
“Ги повикуваме апострофираните да се повлечат од институционалниот и политичкиот живот, да се соочат со обвиненијата како слободни граѓани.
Индивидуалната одговорност е камен-темелник на една модерна, непристрасна и демократска држава,” напиша меѓудругото Села.
Одлуката на САД ја поздрави и поранешниот коалционен партнер на ДУИ, опозициската СДСМ, коалицијата Вреди, како и самата ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што вели Груби за одлуката на САД да го стави на „црната листа“
Фото: Села/Фејсбук