еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Петмина повредени од пожарот во Кочани денеска ќе бидат пуштени дома, двајца се враќаат од странство, четворица се критични

Од вкупно хоспитализираните 21 повредени во пожарот во Кочани кои се лекуваат во Скопје, денеска ќе бидат пуштени петмина. Четворица се во критична состојба, а кај двајца повторно е влошена состојбата. Се уште има и интубирани повредени во тешка, но не и животно загрижувачка состојба, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Надвор од државата се лекуваат 89 повредени, а двајца се враќаат од Литванија и Шведска. Тие најпрво ќе бидат примени и прегледани во домашните болници од каде биле и испратени. Според протоколот ќе бидат задржани 24 часа, а потоа ќе бидат пуштени дома.

Од хоспитализираните, шест се во Клинички центар, шест во Градската болница, пет во ГОБ „8 Септември, а четворица се во приватните клиники.

За во понеделник министерот најави враќање на петмина повредени од странство.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скајп заминува во историјата, ќе биде укинат во мај

Редакција

(Видео) Пристигнаа евакуираните македонски граѓани од Израел

Редакција

Промена на времето: Неделава посвежо за четири до седум степени

Редакција