Министерството за здравство информираше дека денеска пет повредени лица во пожарот во Кочани ќе се вратат од лекување од Клиничкиот центар во Србија, по што согласно протоколот тројца ќе бидат под опсервација на Клиниката за пулмологија, а по еден на Клиниката за пластична хирургија и во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“.
Во текот на вчерашниот ден еден повреден се врати од лекување од Хрватска и се наоѓа под опсервација на Клиниката за пластична хирургија, со што во странските медицински центри остануваат на лекување уште 38 лица.
Во Македонија во моментот се лекуваат седум повредени, од кои во Хируршката клиника „Св.Наум Охридски“ се хоспитализирани четворица, на Клиниката за пластична хирургија еден, а во приватната болница Систина двајца повредени.
Фото: МЗ