еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Повеќе од 2 милиони евра годишно трошат општините и министерствата за адвокатски услуги

Повеќе од 2 милиони евра годишно трошат општините и министерствата за адвокатски услуги, покажуваат анализата и базата на отворени податоци за исплатите од општините и министерствата за адвокатски услуги, кои ги направи Центарот за граѓански комуникации.

Само општините и Град Скопје лани потрошиле 67.269.053 денари или 1,1 милион евра за исплати на адвокати.

Министерствата, на адвокати пак им исплатиле 62.428.934 денари или 1 милион евра.

Парите што министерствата и општините заедно ги плаќаат на адвокати се две третини од вкупните пари што за оваа намена ги исплаќаат сите буџетски институции заедно.

Анализата покажува дека 40 проценти од исплатените 1,1 милион евра е за адвокати кои општините сами ги ангажирале, додека останатите 60 % се за исплатени адвокатски услуги по други основи.

Од општините, адвокати ангажирале 72 од 81 единица на локална самоуправа.

Една четвртина од општините исплаќаат месечен паушал на некој адвокат.

Од министерствата, само две имаат ангажирано адвокати, додека другите исплати се на адвокати по други основи, односно за судски и извршни решенија, и камати.

Од општините, Град Скопје и Гази Баба предничат во исплатените суми за адвокати, додека кај министерствата тоа се Финансии (за функции на државата), па Правда и Труд.

Поединечно најмногу пари му се исплатени на адвокатот Влатко Ристовски, кому само Општина Гази Баба му исплатила повеќе од 6 милиони денари во 2023 година.

Општините и министерствата немаат пишани внатрешни правила за ангажирање адвокати, имајќи предвид дека набавката на услуги од адвокат е исклучена од Законот за јавни набавки, покажува анализата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Редакција

Министерството за финансии вработува осум државни службеници, плата до 32.868 денари

Редакција

Воведен полициски час од 21 часот до 6 наутро: Кој ќе може да се движи и каде

Редакција