еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани во четврток

Лицата кои го загубија животот во пожарот во кочанската т.н. дискотека „Пулс“ ќе бидат погребани во четврток.

„На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, ќе има и повеќе владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин,“ информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Точното време ќе биде соопштено дополнително.

На прес-конференцијата присуствуваше и Митрополитот Брегалнички Иларион, кој замоли луѓето да бидат смирени, трпеливи и достоинствено и на христијански и евангелски начин загинатите да се испратат во вечноста и молејќи се за настраданите за Господ Бог да ги исцели.

„Сите архиереи на МПЦ и целиот клир сочувствуваат и секојдневно коленоприклоно се молат пред милостивиот и воскреснатиот Бог.

И вчера во Кочани и денеска во целата Епархија има молебен најнапред за болните Господ Бог да ги исцели, има и помен за починатите, така што деноноќно се молиме и за починатите и за болните. Се друго останува во рацете на милоста Божја на неговата човекољубивост, штедрост, трпеливост и милостив,“ изјави митрополит Иларион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „На душите им треба молитва, да ги погребеме децата па ако сакате запалете го градот,“- свештеник ја смирува вчерашната толпа во Кочани

Собир за заедништво и сочувство и на плоштадот Македонија во Скопје

(Вознемирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани, Ројтерс објави снимка од подготовките

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ги бара таксистот и дилерот од случајот во кој е вмешан пратеникот Павле Богоевски

Редакција

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЈП „Комунална хигиена“ за набавка на горива вреден 834.000 евра

Редакција