Полицијата ги презела сите конкретни активности за случајот со приведувањето на Дрин Ахмети, внук на лидерот на владејачката ДУИ, Али Ахмети, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој посочи дека сега Јавното обвинителство треба да одлучи како ќе постапува.
„За конкретниот случај ние ги преземавме сите потребни активности од полициски аспект.
Одземени се сите предмети кои беа најдени и е доставен поднесокот до Јавното обвинителство, кое ќе оцени за тоа како понатаму ќе се постапува во однос на целиот овој случај“, рече тој.
Дрин Ахмети беше приведен откако во неговиот автомобил беше пронајдена поголема количина пиротехнички средства.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Внукот на Ахмети, Дрин Ахмети, хит на Твитер
(Фото) Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети, кој е привeден
Фото: Сител