На водителот Зоран Василевски познат како Зоки Фаци му е потребна нашата помош за да се оперира.
Неговиот пријател и колега Стефан Лазаров на социјалните мрежи упати повик за помош.
-Изминативе неколку месеци беа навистина тешки за Зоки, но секако и за мене бидејќи неговата болка ја гледам и како своја.
Зоки има 25 cm тумор кој мора да се отстрани доколку сака да преживее. Веќе неколку месеци операцијата се одлага, а единствен начин да се оствари побрзо е тоа да биде во приватна болница во која трошоците се огромни.
Зоки не сакаше да бара милост ниту некој да го жали, но лично не можам да седам со скрстени раце и да го гледам пријателот, напиша тој.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.