Естонија, Летонија и Литванија соопштија дека ќе го бојкотираат Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, доколку присуствува и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна вели дека „Русија ќе ја искористи оваа можност да ја шири својата пропаганда и да го поткопа единството на Западот“.
„Местото на Лавров е на специјален трибунал, а не на масата на ОБСЕ,“ рече Цакхна.
Според ротирачкиот принцип Естонија требаше да го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2024 година, но поради противењето на Русија и на Белорусија, на челното место во организацијата најверојатно ќе дојде Малта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров доаѓа во Скопје, Бугарија го отвори небото
Фото: МНР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.