еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

Од вечерва на полноќ цената на бензините поскапува од половина до еден денар, а цената на дизелот се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се зголемува за половина денар по литар и новата ќе изнесува 75 денари за литар.

Цената на Еуросупер БС-98 поскапува за еден денар и тој ќе се продава за 77,5 денари по литар.

Цената на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за половина денар и ќе изнесува 68 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ не се менува цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и останува 68 денари за литар, а цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,590 денари за килограм и ќе изнесува 40,755 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Марин Бабиќ-доајенот на македонското глумиште

Редакција

(Фото) Каролина Гочева секси и отмено во нова фото-сесија за „Манго“

Редакција

Во МАНУ има членови од албанска националност, вели академик Фити

Редакција