Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид информира дека шеесетгодишниот стружанец К.М. од пред два дена се води за исчезнат во реонот на селото Брчево.
„Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18:38ч. оперативниот центар на ПСС беше алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и се до 16.30ч. (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд куќа.
Три члена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице.
Акцијата е во тек,“ се вели во соопштението.