Министерството за внатрешни работи информираше дека починал таксист од Скопје кој имал срцев удар додека возел патник.
Се работи за лицето Ќ.В., на возраст од 62 години, кому му се слошило на Булеварот „Словенија“, додека превезувал патник. Во моментот кога го добил ударот, управувајќи со возилото, таксистот излетал од коловозот и удрил во дрво.
По несреќата бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.
Нема информации во каква состојба е патникот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.