Времето за викендов ќе биде под влијание на топла воздушна маса од Сахара, која ќе донесе облак од прашина и песок.
Во недела и во понеделник, ќе има повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец, со брзина и од над 60 км/час.
Времето ќе биде стабилно, суво и претежно сончево, а температурите ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 28 степени.
Во најтоплите централни и југоисточни предели тие се очекува да се искачат дури до околу, а можно е и над 30 степени.
Фото: Град Скопје
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.