еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Препораки за одредени категории на граѓани поради топлотниот бран кој ќе трае до недела

Владата на барање на Министерството за здравство донесе препораки во врска со новиот топлотен бран што се очекува од денеска да ја зафати целата држава, информираат од таму.

Владата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, согласно коишто, за периодот од денеска 19.06.2024 (среда) до 23.06.2024 година (недела), е предвидено:

– Ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

– Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

– Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

– Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачите на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се забранат настапи на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти

Редакција

Утре Скопје со редуциран автобуски превоз, дел од приватните превозници ќе возат само една линија

Редакција

Грипот не престанува да зема жртви: Минатата недела четири смртни слуачи

Редакција