еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведено 40-годишно лице во чија што куќа во Скопје беа пронајдени малолетниците во бесознание

Министерството за внатрешни работи (МВР) го приведе 40-годишно лице во чија куќа во Скопје четворица малолетници беа пронајдени во бесознание.

„На 12.07.2024 година во 13.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ. (40) од Скопје, тој бил физички нападнат со тврд предмет од малолетник.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот, при што затекнале четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина.

Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Известен бил јавен обвинител, кој излегол на лице место. Во 16 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.

Денеска (13.07.2024) во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот,“ се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетниците пронајдени во куќа во Скопје користеле психотропни супстанци, на Токсикологија се во стабилна состојба

Малолетници во бесознание и со повреди по телото пронајдени во куќа во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фершпед со добивка во првото полугодие

Редакција

Околу 30 проценти од граѓаните ја одбија понудата на банките да одложат плаќање на кредити

Редакција

Многу мостови низ Македонија опасни по безбедноста на граѓаните

Редакција