еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пристигна помош од Турција во гаснењето на пожарите

Пристигна помош од Турција во гаснењето на пожарите кои ја зафатија Македонија.

„Еден хеликоптер и два турски ер-трактори ќе го гаснат пожарот во струмичко Ново Село, во близина со границата со Бугарија. Тие ќе го гаснат пожарот заедно со ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Полициски хеликоптер од утрово започна со гасење на пожарот на планината Серта, набргу ќе му се приклучи еден армиски хеликоптер и турскиот хеликоптер,“ информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Во гаснењето се вклучени поголем број пожарникари, на нив им помагаат и припадници од ловечкото друштво, јавните комунални претпријатија и околното население. Се расчистува пат за да може полесно да се продре до опожарените места, имајќи предвид дека се работи за доста непристапен терен.

„Се работи за исклучително тежок терен, испреплетен со карпи и долови каде има бујна вегетација, трња, грмушки, нискостеблесто растение и шума и е многу тешко да се движат луѓе,“ појасни Ангелов.

Тој додаде дека има помош од 103 припадници на АРМ и 30 припадници на единицата за брзо распоредување на МВР.

Се разговара и за дополнителна меѓународна помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ветерот и високите температури го отежнуваат гаснењето на пожарот на Серта

Фото: ДЗС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 77 случаи на Ковид-19 од 1.084 тестови

Редакција

Приведени полицајци кои без заштита се забавувале во Куклица

Редакција

Гореше „БМВ“ во село Грчец

Редакција