И струмичанецот Стефан Димковски, кој го возеше осомничениот за убиствата и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, од Србија до Турција, поради можност за бегство, доби 30-дневен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?
Јавното обвинителството отвори истрага за него и информираше дека по претходна комуникација и договор со Палевски, кој првично избега во Белград, Србија, отишол таму со возило Ланд Ровер, се сретнал со него и заедно се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничниот премин Калотина.
Границата ја поминале на 2. декември, па движејќи се низ територијата на Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, односно граничниот премин Капитан Андреево, и влегле во Турција.
Таму биле заедно до 3. декември, по што Палевски останал, а Димковски преку Грција се упатил кон Македонија, каде беше и приведен на граничниот премин Стар Дојран.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски го однесов во Белград за на преглед, не знаев за убиствата, вели неговиот адвокат Стојков
Адвокатот на Палевски, Васко Стојков, кој со возило го однесе до Белград, кој исто така беше приведен во полиција, засега останува на слобода.
И двајцата тврдат дека биле злоупотребени од Палевски и дека не знаеле ништо за убиствата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кога Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија, за еден месец или за повеќе?
(Видео) Дали Вања е убиена порано, објавени снимки од возилата со кои е грабната
Фото: Влада