еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната нето-плата во август 41.097 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41.097 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 112.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (18.9 %), Уметност, забава и рекреација (18.8 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (17.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (5.3 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.2 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.2 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мажот од Кочани кој уби жена со 40 убоди од нож доби доживотен затвор

Редакција

Осуда за изјавата на Касами од ЛДП и СДСМ

Редакција

Во знакот на пролетта, цветен фестивал од 17 до 21. април во Diamond Mall

Редакција