еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната плата во октомври 42.134 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава, изнесувала 42.134 денари, и во однос на октомври лани е повисока за 8,5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2024 година, изнесувала 63.392 денари.

Ваквиот раст, според ДЗС, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (11,5 %), Информации и комуникации (10,7 %) и Образование (10,6 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележаново секторите: Дејности во врска со недвижен имот (7,5 %), Образование (5,0 %) и Градежништво (3,1 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сончево и топло време до недела, потоа обилни дождови

Редакција

За српскиот претседател Вучиќ и неговото семејство има тајни снимки во траење од 660 минути

Редакција

(Видео) „Дождови“ – нова песна на Александра Јанева

Редакција