еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната плата во јуни 41.939 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,6 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21,1 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5,4 и Административни и помошни услужни дејности за 4,5 отсто.

Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2024 година изнесува 62.964 денари и е за 15,1 отсто повисока отколку во јуни 2023 година.

Зголемувањето се должина зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,9 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 24 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,9 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5 и Административни и помошни услужни дејности за 4,4 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Место да трошиме пари на избори да ги оставиме ДУИ да изберат со кого ќе коалицираат“: Еуфорични реакции на Твитер

Редакција

Скандалот со прислушувањето се проширува: Покрај на Oбвинителство прислушувани телефоните и на Основен суд

Редакција

Првата група од 121 турист од Холандија пристигна во Охрид, преку аранжманите на тур-операторот ТУИ

Редакција