еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Раст од 10% на консолидираните продажби и инвестициите: Што предвидува Бизнис планот на Алкалоид за 2024

Бизнис-планот за 2024 година, донесен со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, на седницата одржана на 27.12.2023 година, предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните приходи од продажби во материјални и во нематеријални средства, раст од 10% на консолидираните продажби во однос на реализираните во 2023 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2023 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Бизнис-планот за 2024 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот.

Околностите и настаните во 2024 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот, велат од таму.

Очекувања за претстојниот период

Трендот на работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминатите неколку години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година, велат од таму.

-Доминанти предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација а можеби и благо опаѓање.

Секако безбедносните глобални кризи го отежнуваат економскиот амбиент и предвидливоста што секогаш може да повлијае и на цените на енергенсите, да создаде потешкотии кај ланците на испораки но и да повлијае на достапноста на одредени материјали.

Очекуваме во 2024 година да продолжиме по патеката на континуираниот раст базиран на можностите од нашите тековни инвестиции во новите производни капацитети и опреми и вложувањата во развојноистражувачките проекти, на тој начин создавајќи конкурентно портфолио и можности за ширење на пазарите.

За остварување на овие цели ќе продолжиме и со нови вработувања во земјава но и на странските пазари, притоа континуирано вложувајќи во подигнување и усовршување на нивото на знаења и вештини на нашите вработени и градење на таленти, велат од Алкалоид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид лани имал 232 нови вработувања

Алкалоид со консолидирани продажби од 268,3 милиони евра, извоз од 183,9 милиони евра и со инвестиции од 28,3 милиони евра во периодот јануари-декември 2023

Фото: Алкалоид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се што треба да знаете за алергија на прашина

Редакција

Словачка и Чешка: Одредени ентитети од Македонија шират неточни информации дека влијаеле на нашите одлуки за вето на заклучоците на ЕУ

Редакција

(Галерија) Зимска колекција од SuperDry наменета за вљубениците во скијањето, планината и снегот

Редакција