еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Рекордни 2.778 повици за помош поради невремето

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека поради вчерашното невреме кое зафати повеќе делови од земјата, имало зголемен број на повици, што резултирало со рекорд од 2.778 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие.

Од нив реални повици биле 57,16%, а 42,84% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

„Вчера имаше појава на невреме со поројни врнежи од дожд, силен ветар, молњи и на места и врнежи од град, согласно правовремената најава од УХМР и објавувањето на медиумите за внимателност, што предизвика штети во скопско, кумановско, кривопаланечко, велешко, кавадаречко, голема нестабилност во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово и во други делови од државата.

Како резултат на силното невреме што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК, се добиени зголемен пријави и известувања за: паднати и навалени дрвја, како и за скршени гранки, скинати проводници, за навалени бандери и за други проблеми со електрични, интернет и телефонски кабли, за поплавени куќи, поплавени подрумски простории и гаражи, поплавени улици, за проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетени покриви, скршени стакла и откачени лимови и олуци од куќи и згради, за оштетени патнички моторни возила, паднати огради, блокирани улици и слични случаи предизвикани од невремето.

Сите повици за итни случаи за поединечни или комбинирани интервенции се транферирани, преку Секторот за операции и координација на ЦУК, до надлежните институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК),“ се вели во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје известува дека како резултат од поројните дождови и силен ветар што ја зафати Скопската котлина во попладневните часови, на 112 во ЦУК, се добиени многу известувања и пријави за штети и за итни случаи.

Најголем број од пријавите се однесуваа особено за населбите „Волково“ и „Даме Груев“ (Општина Ѓорче Петров), како и во населбата „Шуто Оризари“ (Општина Шуто Оризари), а имало пријави и за во општините Аеродром, Карпош, Чаир, Гази Баба, а и во другите скопски општини, односно населби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поплави, оштетени покриви и возила, предизвика невреме во Скопскиот и Тетовскиот регион

Фото: еМагазин.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворено писмо на Мицкоски до Заев: Владата покажа дека се плаши од избори

Редакција

Убава вест: Оздравени 268 нови пациенти од корона вирусот, 105 од Скопје

Редакција

Расте бројот на должници на Листа на УЈП

Редакција