еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Реплек во 2025 ги отвара првите преставништва во Србија и БиХ: Што друго стои во Бизнис планот на компанијата за следната година

Реплек АД Скопје продолжува да го испорачува веќе објавениот пет годишен план, информираат од компанијата преку Македонската берза во Бизнис планот за 2025 година.

-2025 година е трета година по ред во која се очекува Реплек да достигне 25% раст на приходите од продажба во однос на претходната финансиска година. Во согласност со веќе објавениот пет годишен план за очекувани приходи од продажба, Реплек АД за 2025 година на консолидирано ниво очекува раст на продажбите во сегмент Фармација за 25% во однос на 2024 година, што би значело приходите од продажба во сегмент Фармација да пораснат од 31 милион евра очекувани приходи за 2024 на 39 милиони евра во 2025 или за 25%.

Порастот на приходите од продажба се очекуваат на двата сегментирани пазари, домашен и странски. Реплек продолжува со стратегијата да го зајакне присуството на домашниот пазар.

Очекуваните продажби за 2025 во однос на 2024 се очекува да достигнат раст од 21% или пораст од 8,1 милиони евра во 2024 на 9,8 милиони евра во 2025.

Долгорочна стратегија на Реплек е да го зајакне присуството на домашниот пазар преку зголемување и подобрување на производствените капацитети, и проширување на понудата со производи кои ќе помогнат во одржување на општата здравствена добросостојба на потрошувачите согласно навиките во модерниот начин на живеење.

Приходите од продажба на странски пазар се очекува да го следат истиот тренд, при што порастот за 2025 се очекува да биде 26% или пораст на приходите од продажба од 23,1 милиони евра во 2024 на 29,2 милиони евра во 2025 година.

Како на домашниот така и на странскиот пазар овој пораст се должи на проширување на капацитетите на тековните производи како и збогатување на портфолиото на производи кое што го нуди Реплек, велат од таму.

Во 2025 година Реплек очекува да ги отвори првите претставништва надвор од Македонија.

-Во Q1 започнува со работа претставништвото во Србија, а веќе од Q2 се очекуваат и првите продажби од претставништвото во Босна и Херцеговина.

Компанијата е посветена на надградба и диверзификација на своето портфолио на производи за да ги задоволи развојните потреби на глобалниот фармацевтски пазар.

Фокусирајќи се на иновациите, квалитетот и решенијата ориентирани кон клиентот, Реплек има за цел да ги прошири своите понуди за да вклучи нови терапии, напредни формулации и фармацевтски производи од следната генерација кои се во согласност со пазарните трендови и барањата на потрошувачите.

Како дел од стратешките цели на Реплек за 2025 за проширување на глобалното присуство, поттикнување на индустриски партнерства и истражување на нови бизнис можности, компанијата ќе учествува на CPHI Worldwide 2025 во Франкфурт, Германија. Овој настан ќе послужи како клучна платформа за промовирање на иновативните производи на Реплек, зајакнување на нашата позиција на пазарот и ангажирање со фармацевтски професионалци од целиот свет.

Покрај пораст на приходите од продажба, Реплек активно работи на подобрување на ефикасноста на процесите, а со тоа и подобрување на профитабилноста. Реплек останува посветен на реализација на објавениот долгорочен план и во делот на профитабилноста, со што очекувана добивка за 2025 останува на ниво од 5,5 милиони евра.

Со гордост најавуваме дека 2025 година ќе биде клучна година за Реплек, бидејќи оваа година ќе се одржат редовните GMP инспекциски циклуси од реномирани регулаторни авторитети ширум светот.

Како компанија која повеќе години поседува ЕУ GMP сертификат, ние постојано се стремиме да ги одржиме највисоките стандарди за квалитет во нашите оперативни процеси. Нашите тимови заедно работат на програмот за континуирано подобрување, осигурувајќи дека сите аспекти на нашето работење се усогласени со строгите барања на GMP стандардите.

Се гордееме со нашата посветеност на квалитетот на нашите процеси и производи, транспарентноста на нашиот систем за квалитет, како и непреченото следење на реферетните стандарди. Со нетрпение ја очекуваме инспекциската година и остануваме целосно посветени на обезбедување висококвалитетни производи за нашите партнери и клиенти, велат од таму

Во насока на посветеноста на компанијата кон раст, иновации и глобална експанзија, Реплек започна сеопфатна инвестициска стратегија која продожува во 2025 година, велат од таму.

-Овие инвестиции ќе ги помогнат нашите напори за проширување на компаниското портфолио, да се зголеми оперативната ефикасност и пазарното учество, како и да ја зајакнат конкуренциската позиција на компанијата на глобално ниво.

Приоритетите на Реплек вклучуваат фокус на истражување и развој (R&D), производствени капацитети, дигитална трансформација, стратешки партнерства и експанзија на пазарот.

Како дел од програмата за проширување на производните капацитети веќе започнат проект во 2024 се очекува да биде пуштен во употреба во првиот квартал од 2025 претставува новата линија за серијализација и пакување, истата ќе придонесе кон зголемување на производните капацитети на компанијата и поддршка на амбициозните планови за 2025 година.

Во насока на ширење на производните капацитети Реплек донесе одлука за отварање на нов производен погон за течни и полу-цврсти форми, истиот се очекува да биде пуштен во употреба во 2026 година, а за овој проект следната година претставува клучна година за успешна реализација во која се очекува пристигање на главниот дел од опремата.

Во поглед на дигиталната трансформација, во 2024 година Реплек АД започна со имплементација на САП како ERP решение, чијашто имплементацијата ќе трае една година и почнувајќи од jули 2025 година Реплек ќе премине на САП како софтверско решение за планирање и следење на ресурсите

Дополнително во насока на дигитализацијата како дел од посветеноста на Реплек кон оперативно совршенство и континуирано подобрување, Реплек ќе направи стратешко инвестирање во LIMS (Laboratory Management System) и MES (Manufacturing Execution System), за да се рационализираат производствените процеси, да се подобри квалитетот на производот и да се обезбеди усогласување со глобалните индустриски стандарди.

Овие системи ќе играат клучна улога во оптимизирање на производствените операции на Реплек, подобрување на интегритетот на податоците и зголемување на целокупната ефикасност во производството и контрола на квалитетот.

Како што Реплек продолжува да ја проширува и зајакнува својата позиција на фармацевтскиот пазар, нашиот пристап кон ангажманот на акционерите и дистрибуцијата на дивиденди е, и ќе остане клучна компонента на нашата долгорочна стратегија за раст. Компанијата е посветена на одржување рамнотежа помеѓу реинвестирање на профитот за иновација и раст, истовремено обезбедувајќи конкурентен профит на нашите акционери.

Она што е важно за акционерите е дека Реплек останува посветен на својата пет годишна стратегија и објавена дивидендна политика. Реализацијата на резултатите и инвестициите се во согласност со планираното и предвиденото.

Реплек АД останува посветен на транспарентно и одговорно известување кон своите инвеститори и акционери преку алатките на Македонската берза и укажува да се следат официјалните канали на комуникација преку страната на Македонската берза, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Настел повторно продаде акции на Реплек, Владимир Пецовски купи

Генералниот директор Пецовски и членови на УО на Реплек купија акции, Настел продаде

Фото: Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето за убиствата и грабнувањата на Вања и Панче, обвинетиот Видевски се уште е на Клиниката за нефрологија

Редакција

Кои се најуспешните Топ 5 компании, членки на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија

Редакција

Горивата од ноќеска на полноќ поевтини за 2 денари

Редакција