еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведени началници и полициски службеници од Штип и Кочани за пожарот во дискотеката

Седуммина осомничени се приведени во врска со трагедијата која се случи во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, каде во пожар загинаа 59 лица, а 196 се повредени.

Тие се уапсени поради незаконското издавање на лиценцата на т.н. дискотека, а од нив четворица се полициски началници, а тројца се полициски службеници во Штип и Кочани.

Од Основното јавно обвинителство за нив побараа притвор.

-Според дејствијата опишани во наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Тешки дела против општата сигурност.

Kако службени лица вработени во СВР Штип и ПСОН Кочани како соизвршители, осомничените изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност, му овозможиле на правно лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност – кабаре, иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Осомничените сите заедно предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето, овозможувајќи кабарето да работи во супстандардни услови при што на 16.03.2025 година во објектот настанал пожар во кој починале 59, а 196 се здобиле со тешки телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети условите јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за сите седум лица, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Во веце го чекале судниот момент„: Доктор Беќаровски сподели траорни приказни за преживеани во пожарот во Кочани. кои се лекуваат на Токсикологија

(Вознемирувачко) Страшни сцени: Нова снимка од пожарот во дискотеката во Кочани

Тошковски разрешил началници во Штип и Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арбитражната пресуда во спорот со “Хеленик Петролеум“ била во наша корист, велат од Кабинетот на Битиќи

Редакција

Маја Морачанин кандидат за пратеник од ДОМ

Редакција

Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, велат од украинското МНР

Редакција