Централното собрание на владејачката Алијанса за Албанците (АА), која е во фокусот на јавноста деновиве, поради кавгата на претседателот на партијата, Арбен Таравари и поранешниот лидер, Зијадин Села, денеска во Скопје одржа седница по инцијатива на Села.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На истата од присутните 108 членови, 106 изгласаа иницијатива за разрешување на Таравари.
Инцијативата е на дневен ред на Конгрес на партијата, кој треба да се одржи на 18. февруари.
Разрешувањето на Таравари, како што изјави Села, се бара поради „грубо кршење на статутот на партијата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Илир Демири, предлог на АА за министер за здравство на местото на Фатмир Меџити
(Фото) Двајца пратеници на АА во Куманово му дадоа поддршка на Таравари
Таравари во Куманово доби подршка од 75 членови на Централното собрание, од вкупно 133
Фото: АА