Информацијата дека Наташа Соврановски, Македонка по потекло од Охрид, која живееше во Германија, која се водеше за исчезната од почетокот на септември, е пронајдена мртва ја вознемири македонската јавност.
Нејзиното беживотно тело беше пронајдено во шумската област во Бад Тејнах – Завелштајн, во близина на градот Штутгард, а за нејзиното убиство од небрежност е осомничен е 45-годишен маж.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нејзиниот татко Милчо Соврановски, кој живее во Охрид за Фокус вели дека се уште немаат доволно официјални информации што се случило, нејзиното тело е на обдукција, а тој планира да замине за Германија, каде живее и мајката на Наташа, (негова поранешна сопруга) со другите две сестри.
Во Германија е и двегодишната ќерка на Наташа која ја има со нејзиниот партнер кој прв сподели на социјалните мрежи дека е исчезната.
-Од она кое досега го знам, ја пронашле полициски службеници со кучиња трагачи и телото било непрепознатливо. Никому не беше дозволено да ја види.
Сите сме во исчекување на официјални информации, и ништо не можам да тврдам со сто процентна сигурност, вели тој за Фокус и најавува дека нејзиното семејство ќе бара правда и старателство над нејзината ќеркичка.
-Јас дури и сакам да го донесам девојчето овде, да живее во Охрид, вели тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезната ли е Македонката Наташа Совраноски во Германија?
Осум дена во Германија е исчезната 25-годишната Наташа Соврановски