еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Се укинува пролетниот распуст, не го сакаат наставниците, родителите и учениците

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека се укинува пролетниот распуст за основното и средното образование. На прашалникот на Министерство за образование и наука до наставниците, родителите и учениците, тие одговориле дека не сакаат пролетен распуст.

„Финалните одговори на родителите и повозрасните ученици покажаа дека не сакаат пролетен распуст и оваа година нема да има. Во одговорите наведуваа дека учениците губат од континуитет, дека помалите ученици нема кој да ги чува за време на тој распуст, дека едноставно тој распуст прави повеќе компликации одошто носи бенефити“, рече министерката, одговорајќи на новинарско прашање.

Во мај, за првпат учениците имаа пролетен распуст од 29 април до 6. мај.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за Фатмир Етеми, член на НО на Комерцијална, според МВР користел доверливи информации за купување акции во банката

Редакција

Казнети 518 граѓани за неносење маска

Редакција

Македонци почнаа да инвестираат милиони на Малта и во Грција

Редакција