еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопските градоначалници бараат одземање на ингеренциите врз ЈП “Комунална Хигиена“ и „Паркови и зеленило” од Град Скопје

На иницијатива на градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска скопските градоначалници имале координација на која ги евиднетирале проблемите и предизвиците со кои се соочуваат и заеднички побарале решенија.

Средбата била иницирана поради бројните наталожени проблеми со кои се соочува главниот град и она што како приоритетно сите го издвоиле е незадоволството и загриженост за состојбата со јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, како и со „Паркови и зеленило”.

„Оттука, денес, едногласно, одлучивме да побараме одземање на ингеренциите на ЈП „Комунална Хигиена” и „Паркови и зеленило” како нивна транформација од Град Скопје и нивно предавање на централната власт, односно на Владата.

Предлогот, кој го поддржаа сите градоначалници е назначување на владин претставник кој ќе го управува претпријатието, а потоа и целосно расформирање на истото,“ информира Ѓорѓиевски.

Проблемите според скопските градоначланици резултираат со преполни контејнери, наталожениот отпад насекаде и создадени депонии низ главниот град на државата.

„Во услови на летни температури од над 40 степени ова повеќе не е само естетски проблем, туку претставува сериозна закана за здравјето и животот на нашите сограѓани. Преплавени сме од поплаки од нашите граѓани, од барања ние да направиме нешто кога веќе градот Скопје не се грижи,“ додава Ѓорѓиевски.

Иако во повеќе наврати се самооорганизирале за чистење, не било едноставно бидејќи немале механизација, ниту човечки ресурси.

„Најиронично во целата ситуација е тоа што моравме да водиме и војна со градоначалничката Данела Арсовска која, замислете, минатото лето, не ни дозволи да го фрлиме собраниот отпад во Дрисла. Значи, не само што јавното претпријатие во нејзина надлежност не си ја работеше работата, туку и нѐ попречуваше нас да си ги исчистиме општините и да ги заштитиме нашите граѓани од зарази.

Пред неколку седмици, јас, како градоначалник и неколку други градоначалници од Скопје, поднесовме прекршочни пријави против ова претпријатие. Меѓутоа, очигледно и тоа не допира до нив, бидејќи градот се уште тоне во ѓубре и смрдеа. Сите сме согласни дека се потребни подрастични мерки. Вработените и механизацијата да бидат распределени на општините, кои сами ќе се грижат за хигиената во своите заедници,“ потенцира Ѓорѓиевски.

Фото: Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Рујаноски Стојановски од Прилеп е пронајден жив и здрав

Редакција

Убава вест: 103 оздравени од Ковид-19

Редакција

Пожарот во „Глобал“ го гаснеле 61 пожарникари со 18 возила

Редакција