еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Следува период на реорганизација и реформа во СДСМ, најави Филипче по победата

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Венко Филипче по победата изјави дека нема време за славење, туку следува период на реорганизација и реформа, согласно неговите програмски ветувања, со кои, како што вели „сигурен е дека СДСМ повторно ќе победува.“

„Ова нема да биде ниту брзо, ниту лесно, но нема друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, освен да направиме вистински и темелни промени. Промените не можеме ниту да ги лажираме, ниту да бидат половични. Нема да делам, туку ќе обединувам. Силно ќе се спротивставам на оние кои ќе се обидат да ја ослабнат партијата за личен интерес“, изјави Филипче.

Тој додаде дека негова цел е да ги вбризга принципите кои го водат во неговиот личен и професионален живот, принципите на заедништво, другарство, взаемна почит и отворена комуникација со кои ќе ја одликува СДСМ под негово раководство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче избран за нов лидер на СДСМ

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е симболиката на велигденските црвени јајца

Редакција

Двајца европратеници останаа без имунитет поради корупцискиот скандал „Катаргејт“

Редакција

Продолжува распитот на Ахмети пред Меѓународниот суд за Косово

Редакција