Дел од медиумите објавија нова вознемирувачка снимка од почетокот на пожарот во т.н. дискотека „Пулс„ во Кочани, каде во пожар загинаа 59, а беа повредени 203 лица.
Од почит кон семејствата на загинатите и повредените, еМагазин нема да ја објави истата. Се нагледавме сите и се наслушавме и повеќе од доволно траорни работи за оваа трагедија.
Во меѓувреме истрагата која ја отвори Основното јавно обвинителство Кочани продолжува и истата секојдневно се проширува, а засега се осомничени 34 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца
Телевизијата Телма објави дека снимките од т.н. дискотека кои завршија во медиумите во Македонија, но и низ целиот свет, како и снимките од камерите од околните објекти ќе бидат доказен материјал, а истите ќе се анализираат за да се дојде до причните за пожарот и одговорноста за него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зад кои други фирми стоел Дејан Јованов Деко, газдата на дискотеката во Кочани
Сите осомничени градоначалници на Кочани бизнисмени
Фото: Игор Бансколиев