еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Собранието не работело од почит кон трагедијата во Кочани, велат од таму по реакциите во јавноста

Во врска со неточните информации и широко распространетите обвинувања за одложување на работата на Собранието минатата и оваа недела, појаснуваме дека ваквата одлука е донесена како резултат на согласност на сите присутни пратенички групи на координативната средба одржана на 24.03.2025 година, информираа денеска од македонското Собрание.

„Привременото одложување на активностите на Собранието беше гест на почит кон трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија млади луѓе и израз на солидарност со семејствата на жртвите и со сите граѓани погодени од оваа катастрофа.

Повторуваме дека оваа одлука не е резултат на какво било индивидуално или еднострано политичко одлучување, туку е одраз на заедничката институционална волја на сите пратенички групи да дејствуваат со чувствителност во момент на национална жалост,“ се вели во соопштението од Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието нема да работи и неделава, бура од негативни реакции на социјалните мрежи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка

Редакција

Планирано е вработување на 300 професионални војници

Редакција

(Фото) Кои министри имаат највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Редакција