еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Со вашата поддршка за негово лекување, ќе му го дадете најубавиот новогодишен подарок на Леонид

Младиот Леонид Индов (18), кој беше дел од победничкиот тим AERTH на NASA Space Apps Challenge 2022 од Скопје, летово доживеа сериозна несреќа за време на летување во Грција, по што му беше направена комплицирана операција на ‘рбетниот столб.

На Леонид му е потребно итно лекување со рехабилитација во специјализирана здравствена установа.

За жал во Македонија нема соодветна установа и методи за лекување, а секое дополнително чекање ќе го направи опоравувањето многу потешко. Клиники од Австрија и Швајцарија веќе го разгледаа неговиот случај и даваат солидни шанси за опоравување.

Со вашата поддршка ќе му го дадете најубавиот новогодишен подарок на Лео и ќе помогнете да продолжи да биде инспирација за следните генерации. Секој мал придонес ќе помогне во остварувањето на неговиот сон за нормален живот.

Ве молиме донирајте преку:

1. Јавување на телефонските броеви Т-мобиле: 143-118 / А1: 143-500 (100 денари од јавување)

2. За уплата од Македонија: 210-7000006805-91 НЛБ Банка

3. За уплата од странство: IBAN: MK07210501567799991, SWIFT: TUTNMK22, NLB BANKA AD SKOPJE

4. Уплата од странство со картичка преку GoFundMe: bit.ly/Donate4Leo.

Лео е исклучително момче, кое зрачи со посебна енергија, добрина и кроткост. Тој е и голем другар и талентиран млад програмер, кој оваа година требаше да оди во 4 година во Матматичката гиманзија, но на него и неговото семејство им претстои голема борба.

Сега е моментот да покажеме колективна добрина, човечност, како и корпоративна одговорност, за што побрзо да ја вратиме намевката на неговото лице!

Вечерва ќе се одржи хуманитарен концерт во кафе-бар „Мартини“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рамстор Мол и Општина Центар организираат хуманитарна изложба и концерт за помош на Леонид

Хуманитарен концерт за Леонид во кафе-бар „Мартини“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Силни експлозии утринава во Киев: Гранатиран станбен блок, две лица загинаа, има и повредени

Редакција

Колку приходи остварила лани СДСМ

Редакција

Ќе има ли двотретинско мнозинство: Уставните измени во рацете на Беса

Редакција