еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Со кој ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со миистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Вашингтон, САД, за Самитот на НАТО, кој почнува утре, а ќе трае до 11. јули.

Таму како што информираа од Владата ќе има средби со високи претставници на IRI, конгресменот Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин – копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД.

Ќе учествува и на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium.

Мицкоски ќе одржи и говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, по што ќе има средби со претставници од бизнис заедницата во САД.

Македонската делегација исто така ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно – атлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има можност и за средби со други лидери.

Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите, а Муцунски и Мисајловски ќе присуствуваат на специјални вечери организирани од државниот секретар Етони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ отиде со Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вучиќ: Македонија и името си го смени, па не ја примија во ЕУ, а им ветуваа кули и градови

Редакција

Каков имот пријавил Фатмир Лимани, новиот министер за социјална политика, демографија и млади

Редакција

Превенција од корона вирусот: Маркетите, аптеките, банките и поштите треба да обезбедат редари пред и во своите објекти

Редакција